Достапни линкови

Хеликоптерите „Апачи“ за прв пат користени против ИД во Ирак


Хеликоптерите „Апачи“ нападнале цел на милитантите на Исламската држава за прв пат во Ирак, соопшти Пентагон. Се прецизира дека притоа бил уништен автомобил бомба во близина на Мосул, главното упориште на ИД во Ирак. Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер во Брисел изјави дека нападот бил во поддршка на кампањата на ирачките сили кои го имаат опколено градот во обид да ја вратат контролата врз него.

XS
SM
MD
LG