Достапни линкови

Косовската влада на итна седница за мандатот на Еулекс


Косовската влада го процесурира предлогот за продолжување на манадатот на мисијата на Еулекс за уште две години, објави електронското издание на весникот „Експрес“. Со тоа Владата му отвори пат на косовскиот парламент да свика посебна седница или документот да го стави на дневен ред на веќе закажаната седница за четврток. За да бидат изгласани уште две години престој на оваа меѓународна мисија потребно е двотретинско мнозинство од пратениците во косовскиот парламент. Пред седницата на Владата, премиерот Иса Мустафа имал средба со шефот на државата Хашим Тачи и со првиот парламентарец Кадри Весели.

XS
SM
MD
LG