Достапни линкови

Босанските деца во ИД се „темпирана бомба“


Над 80 деца од Босна се наоѓаат на територијата што милитантите на Исламската држава ја имаат под своја контрола во Сирија и Ирак и претставуваат „темпирана бомба“ која може да биде опасност по безбедноста кога ќе се вратат. Ова се наведува во најновата студија на непрофитната организација Атлантска иницијатива од Сараево. Во неа се додава дека босанските муслимани се најголемата група од Западен Балкан кои се борат за ИД во Сирија и Ирак, заедно со борци од Косово, Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија. „Гледаме целосно нова генерација деца кои растат покрај бојно поле. Тие се темпирана бомба за секоја земја во која ќе заминат“, вели коавторот на студијата Владо Азиновиќ.

XS
SM
MD
LG