Достапни линкови

Туск: Затворањето на балканската рута е пресврт во кризата


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск смета дека затворањето на балканската рута, кое почна на македонско-грчката граница, е пресвртница на миграциската криза.

„Бизнис инсајдер“ пренесува дека Туск во интервјуто за германскиот „Билд“ го дал одговорот на прашањето дали затворањето на границите на Балканот политички и помогнало на германската канцеларка Ангела Меркел.

Новинарот по одговорот на Туск констатирал дека Меркел, без оглед на тоа, жестоко го критикувала затворањето на балканската рута.

„Потоа дојде договорот со Турција. На двете решенија работевме заедно. Сега ситуацијата е под контрола, наведе Туск.

На прашањето зошто повеќето од партнерите во ЕУ ја оставиле Германија сама во бегалската криза, Туск истакна дека „ земјаќи го предвид бројот на жители, и другите земји исто така примија голем број на мигранти“.

„Значи, Германија не е оставена сама и не треба да глуми маченик. Тоа е подеднакво неточно колку и обвинението дека отворените германски граници се причина за бегалската криза“, објасни Туск.

XS
SM
MD
LG