Достапни линкови

Жбогар: Само странски судии во косовскиот суд за воени злосторства


Во специјалниот суд за воени злосторства на ОВК ќе има само странски судии, изјави специјалниот пратеник на ЕУ во Приштина Самуел Жбогар.

Жбогар истакна дека ЕУ е растревожена од случаите на закани против сведоците и тоа е причината поради која во специјалниот суд ќе има само странски судии.

За Заедницата на српски општини во Косово, Жбогар објасни дека од нејзиното создавање стравуваат и Србите и Албанците.

Првите затоа што живеат во постојан страв и имаат потреба некој да ги брани, а вторите, бидејќи се плашат дека Унијата може да се претвори во нешто како Република Српска во Босна и Херцеговина.

Жбогар го поздрави враќањето на радикалното опозициско движење „Самоопределување“ во косовскиот парламент, и нагласи дека парламентот не може да функционира нормално без опозиција.

XS
SM
MD
LG