Достапни линкови

logo-print

Шилегов: Исполнети минимум услови за разговори за избори


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Пратеникот Петре Шилегов од СДСМ денеска во Собранието изјави дека со исполнување на двата основни предуслови: одложувањето на изборите и повлекувањето на одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов, се исполнети минимум условите за отпочнување политички дијалог со цел да се создадат услови за фер, слободни и демократски избори.

„СДСМ смета дека политичкиот дијалог како начин на излез од оваа криза е неопходен за да можеме уште есенва да организираме слободни, фер и демократски избори“, рече Шилегов додавајќи дека доколку се има политичка волја тоа може да се договори за неколку дена.

Шилегов не кажа дали партиите за таа цел имаат контакти на пониско ниво, туку рече на кое било ниво треба да опочнат минимум разговори киоишто веројатно би се крунисале со лидерска средба.

Претходно лидерт на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е против одржување лидерска средба, но за таа да се одржи потребно е претходно да се знае темата на разговори и да се направат подготовки за да се зголеми веројатноста да заврши успешно.

Груевски доаде дека иако имало информации во медиумите за одржување ваква средба нив никој не ги контактирал.

Во основа, додаде Груевски, не сме против лидерска средба, доколку навистина СДСМ сака да иницира, но, како што рече, добро е да има некакви претходни разговори или подготовки околу неа со цел да се зголеми веројатноста дека би завршила успешно.

„Не може однапред да се каже дека би завршила успешно, меѓутоа ако има добри подготовки би се зголемила веројатноста тоа да се случи“, истакна Груевски.

XS
SM
MD
LG