Достапни линкови

НАТО испраќа трупи во Полска и Балтичките земји


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека воената алијанса оваа недела ќе се согласи да испрати четири мултинационални батаљони во Полска и во Балтичките земји за да ја зголемат нивнта одбрана и да покажат дека НАТО „е подготвен да го брани било кој сојузник.“

Столтенберг рече дека новите планови треба официјално да бидат одобрени на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел на 14 јуни.

Столтенберг додаде дека батаљоните ќе бидат распоредени на рационална основа и оти нема да бидат трајно базирани во земјата.

Претставници на НАТО велат дека околу 4.000 војници ќе бидат вклучени во новите распоредувања.

XS
SM
MD
LG