Достапни линкови

Кривичниот суд му го одзеде пасошот на битолскиот градоначалник Талески


Кривичниот суд соопшти дека го одбил предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески и како осомничен во случајот „Транспортер“ му е определена мерка претпазливост, односно му бил одземен пасошот.

„Во врска со предлогот за определување на мерка притвор против осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Транспортер“, судија на претходна постапка по разгледување на предлогот донесе решение со кое истиот е одбиен, а е определена мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа на осомничениот. СЈО имаат право да поднесат жалба во рок од 24 часа до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 - Скопје“, се вели во Соопштението.

XS
SM
MD
LG