Достапни линкови

Битолскиот градоначалник Талески на распит за „Транспортер“


Битолскиот градоначалник Владимир Талевски денеска беше два часа на распит во Основниот суд Скопје 1. По распитот Талески не даде изјава за новинарите.

Тој денеска беше по втор пат на распит за барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор поради сомневање за сторено кривично дело „проневера на пари“ и „злоупотреба на службена должност“.

Талески заедно со уште 22 лица е осомничен во предметот „Транспортер “ кој неодамна го отвори Специјалното јавно обвинителство по индиции кои произлегуваат од прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата.

Специјалното јавно обвинителство побара притвор за градоначалникот на Битола, откако му беше укината аболицијата. Талески е првоосомничен за злоупотреба на државни пари за превоз на ученици во општината Битола.

Се очекува во текот на денот Основниот суд да ја објави одлуката по барањето на СЈО за одредување мерка притвор или мерки за претпазливост.

XS
SM
MD
LG