Достапни линкови

Нови четири илјади раселени Ирачани од Фалуџа


Околу четири илјади Ирачани избегаа од градот Фалуџа којшто е под контрола на групата на Исламската држава (ИД), откако владините трупи денеска отворија коридор по преземањето на клучниот пат во градот во близина на Багдад.

Норвешкиот совет за бегалци кој работи со внатрешно раселени Ирачани, денеска соопшти дека според последните бројки околу 27.580 цивили побегнале од Фалуџа, по офанзивата на ирачките сили против борците на ИД којашто почна на крајот на мај.

Ирачкиот бригаден генерал Јахја Расул изјави дека раселените лица побегнале од југозападниот дел на градот.

Хуманитарните групи проценуваат дена најмалку 50 илјади цивили се уште се заробени во Фалуџа кој повеќе од две години е под контрола на ИД.

Обединетите Нации сооштија дека е можно во градот да има околу 90 илјади цивили кои се соочуваат со недостиг на вода и храна.

Некои организации соопштуваат дека групата на ИД бара да бидат исплатени по 130 долари по човек за да го напуштат градот кој се наоѓа на околу 30 километри од Багдад.

XS
SM
MD
LG