Достапни линкови

Човекот кој уби 50 луѓе во Флорида лојален на ИД


Федералното истражно биро соопшти дека човекот кој уби 50 луѓе во геј клуб во Орландо, Флорида пред да го изврши нападот и телефонирал на полицијата при што изразил лојалност на милитантната група Исламска држава. ФБИ го соопшти и идентитетот на лицето одговорно за најголемото масовно убиство во американската историја. Станува збор за 29 годишниот Омар Матин, кој имал потекнувал од Авганистан, а бил роден во САД. Тој бил убиен во престрелка со полицијата која влегла во клубот три часа откако тој го почнал убивањето. Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот, оценувајќи го за „акт на терор и на омраза“.

XS
SM
MD
LG