Достапни линкови

logo-print

Во нападот во Орландо 50 мртви, 53 повредени


Педесет луѓе засега се знае дека загинаа во вооружената престрелка во геј клуб во Флорида, јавија официјални лица. Градоначалникот на Орландо Бади Диер изјави дека уште 53 лица се хоспитализирани по нападот што го опиша како најкрвавото масовно пукање во историјата на САД. Претходно полицијата соопшти дека полицајците влегле во геј клубот три часа по пукањето и го убиле напаѓачот кој држел заложници.

Убиецот беше именуван како Омар Матен. Некои американски медиуми објавија дека тој е роден од авганистански родители во 1986 година и живеел во Порт Св Луси, Флорида.

XS
SM
MD
LG