Достапни линкови

Жестоки борби за преземање на Сирт од ИД


Провладините либиски сили кои денеска водат битка да го заземат упориште на Исламската држава во Сирт, се соочуваат со отпор и серија самоубиствени бомбашки напади. ИД ја презеде контролата во крајбрежен град во 2015 година, а тој се претвори во главна база на нивните операции за Северна Aфрика. Милитантите на Исламска држава извршиле три самоубиствени напади врз либиските владини сили во обид да ги спречат да напредуваат кон нивното упориште, објавија про владините медиуми. Официјални лица соопштија дека најмалку едно лице загинало, а четворица се повредени во самоубиствените експлозии. Вчера либиските сили соопштија дека ја повратиле контролата на пристаништето во Сирт.

XS
SM
MD
LG