Достапни линкови

Мост: Не му дадовме на ХДЗ рок за повлекување на Карамарко


Хрватскиот Мост на независни листи, на чие чело е вицепремиерот Божо Петров, се огласи на Фејсбук демантирајќи ги медиумските наводи дека од таа партија на ХДЗ и е упатен ултиматум до вторник од Владата да го повлече првиот потпретседател Томислав Карамарко.

- Мост на независни листи не и дал на ХДЗ никаков рок до вторник бидејќi сакаме да му дадеме прилика на премиерот да ја одбрани својата чест во Хрватскиот сабор и пред пратениците да одговори на лажните обвиненија, наведени во образложените за негово отповикување. Очекуваме од ХДЗ да го повлече предлогот за отповикувње на премиерот и да предложи нов кандидат за потпретседател на Владата. Доколку ХДЗ сепак ја оствари најавата за уривање на премиерот и Владата, тогаш за Мост единствена можна опција ќе бидат избори, се наведува во соопштението на Мост, објавено синоќа.

„Слободна Далмација“ вчера објави дека Мост и дал на ХДЗ до вторник попладне рок на местото на Карамарко да избере нов прв потпретседател на Владата или во спротивно таа партија ќе го потпише барањето на СДП за распуштање на Саборот.

XS
SM
MD
LG