Достапни линкови

Осомничените за нападот во Истанбул остануваат во притвор


Турскиот суд одлучи тројцата осомничени за нападот во Истанбул во вторникот, во кој беа убиени 11 лица, да останат во притвор, додека трае истрагата против нив, јавија турски медиуми.

Против едниот од нив е покренато обвинение за убиство со предумисла и за членство во вооружена терористичка организација, а против другите двајца за членство во вооружена терористичка организација.

Одговорноста за нападот ја презеде групацијата „Јастреби за слобода на Курдистан“, за која се смета дека произлегла од Курдската работничка партија.

XS
SM
MD
LG