Достапни линкови

Во Орландо 20 мртви во нападите, над 40 повредени


Во вооружен напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида рано утрово се убиени 20 лица, а над 40 се повредени.

Полицијата влегла во клубот три часа по пукањето и го убила напаѓачот кој дел од луѓето ги држел како заложници. Полицијата ова го нарече чин на тероризам. Засега не е познато дали зад пукањето во еден од најпознатите геј барови во Орландо стои доамшен или меѓународен тероризам.

Пукањето започнало околу 2 часот по полноќ, додека најголем број од присутните на латино- вечерта танцувале на подиумот.

XS
SM
MD
LG