Достапни линкови

Фрлена бомба врз полицијата во Митровица


Полицаец од интервентната единица на Косовската полиција е повреден синоќа кога врз патролата на Косовската полиција во Северна Митровица е фрлена рачна бомба. Косовската полиција потврди дека се оштетени повеќе возила меѓу кои и цивилни автомобили.

По укажаната лекарска помош во Клиничко болничкиот центар во Северна Митровија кај полицаецот се констатирани полесни телесни повреди.

Нападот се случил во најсеверниот дел на градот на излезот кон Звечани во непосредна близина на Косовската полиција и Судот. Напаѓачите се во бегство.

Полициската патрола вршела контрола на сообраќајот во рамки на акцијата на полицијата за воспоставување ред и мир, откако претходната ноќ дошло до пукање од огнено оружје кога биле ранети две лица.

XS
SM
MD
LG