Достапни линкови

Времето денеска -Променливо облачно со сончеви периоди


Macedonia - Lake Ohrid, sunset, sun - Jun2012

Macedonia - Lake Ohrid, sunset, sun - Jun2012

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови на повеќе места ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено во северните и во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во почетокот на следната недела, особено поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови од земјата каде што ќе има наместа и пообилни врнежи.

Од среда времето ќе биде стабилно и топло со значителен пораст на дневната температура.

XS
SM
MD
LG