Достапни линкови

logo-print

Во Белград повторно протести поради уривањата


Иницијативата "Не го даваме Белград" денеска повторно организира протест и прошетка низ градот каде ќе побараат одговорност на сите кои се вмешани во уривањето на објектите во Савамаил.

Во повикот од иницијативата е наведено дека по еден месец од првиот протест повторно излегуваат на улица за да се спротивставаат на стравот и лагите и да покажат дека градот им припаѓа на граѓаните.

Мандатарот за формирање нова Влада на Србија Александар Вучиќ изјави дека зад уривањето на објектите стојата највисоките органи на градската власт и дека тие за тоа ќе понесат одговорност.

Објектите во Херцеговачката улица се урнати ноќта кон крајот на април, а според изјави на сведоци, објектите со багери ги урнале луѓе со фантомки на главите, кои сведоците ги затвориле во хангар.

XS
SM
MD
LG