Достапни линкови

logo-print

Шилегов-Неопходна е лидерска средба за итно организирање избори


Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска изјави дека неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог со цел, што е можно по итно, да се договорат и исполнат условите за да може Македонија, да спроведе брзи, фер, слободни и демократски избори.

Според него време е за нова рунда преговори бидејќи исполнети се двата предуслова: одложување на изборите поради неисполнети услови и укинување на аболицијата.

Шилегов повторно го повика Уставниот суд да се произнесе за уставноста и законистоста на СЈО, додавајќи дека со тоа ќе се обезбеди непречена работа на единствената независна институција против криминалот и корупцијата.

XS
SM
MD
LG