Достапни линкови

Убиена младата американска пеачка Кристина Грими


Дваесет и две годишната американска пеачка Кристина Грими, е застрелана по концертот во Орланд и набрзо починала од последиците на ранувањето,соопшти денеска полицијата во Флорида. Полицијата наведе дека во петокот околу 22 часот кон Грими пукал напаѓачот кој имал два пиштоли. Мажот,чие име не е објавено, пукал кон пеачката додека потпишувала автограми, а потоа пукал и во себе и се убил.Веста за нападот врз пеачката брзо се рашири на социјалните мрежи и предизвика шокираност и гнев кај многу нејзини обожаватели. Грими во шестата сезона на натпреварувањето на американската телевизија го освои третото место во 2014 година.

XS
SM
MD
LG