Достапни линкови

Силите на либиската влада го зазедоа Сирт


Силите на либиската влада на национално единство го зазедоа градот Сирт, кој е главното упориште на милитантите од Исламската држава, соопштија официјални либиски претставници. Агенциите јавија дека силите лојални на либиската влада по жестоки борби со екстремистите ја преземале контролата врз Сирт и тука се стационирале. Владините трупи исто така зеземале неколку станбени згради во источниот дел на градот, а во офанзивата загинале 11 војници, додека 45 се ранети.

Сирт се наоѓа 450 километри од главниот град Триполи и од 2014 година е главно упориште на исламистите во Либија.

XS
SM
MD
LG