Достапни линкови

logo-print

ЕУ: Турција е безбедна за враќање на мигрантите


Земјите од ЕУ соопштија дека Турција е безбедна земја за враќање на мигрантите и покрај некои пресуди од страна на грчките судови дека луѓето не треба да се враќаат таму.

Холандскиот министер за миграција Клас Дејкхоф изјави на состанокот на земјите од ЕУ во Луксембург дека Унијата смета оти Турција е безбедна за враќање на бегалците.

ЕУ и Турција постигнаа договор дека сите мигранти кои ќе пристигнат на грчките острови по 20 март можат да бидат вратени, освен ако немаат право на азил во Грција

XS
SM
MD
LG