Достапни линкови

Франција ја победи Романија на почетокот на ЕП


Фудбалската репрезентација на Франција со победа го почна Европското првенство, откако синоќа во Сан Дени ја совлада Романија во првото коло на Групата А.

Димитри Паје го постигна победничкиот гол во 89.минута. Претхдоно Оливие Жиру во 57.минута донесе водство за Франција, а осум минути подоцна Богдан Станку изедначи од пенал.

Второто коло на Групата А ќе се игра на 15 ти јуни, кога Франција ќе се состане со Албанија, а Романија со Швајцарија.

Швајцарија и Романија денеска ќе го играат нивниот натпревар од првото коло.

XS
SM
MD
LG