Достапни линкови

logo-print

Австрија: Турција нема да добие безвизен режим на 1 јули


Austria -- EU flags stand on a table during a photo opp at a flag store in Vienna, March 3, 2014

Austria -- EU flags stand on a table during a photo opp at a flag store in Vienna, March 3, 2014

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка денеска изјави дека спогодбата за безвизен режим за турските граѓани во земјите од Европската унија, не може да биде комплетирана до планираниот рок на 1 јули.

„Сметам дека 1 јули не е изводлив датум. Ние навистина мораме да имаме правно беспрекорно решение. Доколку немаме, Австрија не може да се согласи“, рече Соботка.

Турските власти минатиот месец предупредија дека целиот договор за ставање под контрола на бегалската криза би можел да пропадне доколку Брисел не им одобри безвиен режим на турските граѓани.

Европската комисија изнесе серија услови за тоа, вклучувајќи и промени во турските антитерористички закани и почитување на човековите права.

XS
SM
MD
LG