Достапни линкови

logo-print

УНХЦР бара повеќе пари за бегалците на Балканот


УНХЦР изврши ревизија на своите операции во Грција и на Балканот и бара повеќе пари за да им помогне на илјадниците мигранти блокирани во Грција.

Тие наведуваат дека договорот меѓу Турција и ЕУ за справување со мигрантите предизвикало силно намалување на бранот бегалци по рутата Турција-Грција по која минаа над еден милион мигранти од јануари 2015 година за да стигнат до Европа.

Портпаролот Вилијам Спиндлер нагласи денеска дека УНХЦР и 60 партнерски организации бараат вкупно 670 милиони долари за регионален план за бегалците и мигрантите.

Таа сума е зголемена од првичната – 550 милиони долари кога планот почна со примена во јануари. Тој вели дека на многу лица кои бараат азил не им се дозволува да ги напуштат грчките острови.

XS
SM
MD
LG