Достапни линкови

Убиени пет осомничени милитанти во Казахстан


Казахстанските безбедносни сили убија пет осомничени милитанти во северозападниот град Актобе, каде на почетокот на неделава во напад беа убиени 25 луѓе.

Комитетот за национална безбедност (КНБ) соопшти дека специјалните сили денеска упаднале во стан и убиле четири теорристи, а еден од улица отворил оган кон полицијата и бил застрелан во возвратен оган.

Не се пријавени жртви меѓу цивили и полицијата.

КНБ посочува дека убиените биле осомничени за учество во нападите од 5 јуни и оти безбедносните сили се уште бараат неодреден број на осомничени.

Властите не идентификуваа група одговорна за нападите во Актобе, но напаѓачите ги опишаа како „верски радикали.“

XS
SM
MD
LG