Достапни линкови

Воен брод на САД влезе во Црното Море, Русија најави мерки


Американскиот воен брод „УСС Портер“.

Американскиот воен брод „УСС Портер“.

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека Москва ќе одговори со неопределени мерки на влегувањето на американскиот воен брод „УСС Портер“ во Црното Море.

Американскиот воен брод на 6 јуни влезе во Црното Море на рутинско распоредување, соопшти морнарицата на САД.

„Секако дека тоа не е одобрено од наша страна и несомнено ќе доведе до преземање на мерки“, изјави Андреј Келин – висок претставник во Министерството за надворешни работи.

Тој додаде дека рапоредувањето и на американските носачи во Средоземното Море е демонстрација на сила којшто дополнително ќе ги залади односите меѓу Москва и Вашингтон.

Келин истакна дека таквите потези се наменети да ги зголемат тензиите во пресрет на Самитот на НАТО во Полска идниот месец.

XS
SM
MD
LG