Достапни линкови

logo-print

Австрија планира нов состанок со балканските земји за бегалската криза


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Австриското Министерство за внатрешни работи на средината на јули планира да организира нова конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан, за прашањето на бегалците.

Претходно, средба треба да имаат шефовите на пограничните полиции, односно полициите на земјите од западен Балкан и Австрија.

За разлика од првата конференција, која заради неповикувањето на Грција, предизвика „заладување“ во односите меѓу Атина и Виена, овој пат на средбата е поканета и Грција.

На конференцијата, како што изјави портпаролот на министарството Карл-Хајнц Грундбек, ќе учествува и Унгарија.

Состанокот на шефовите на граничните полиции ќе биде одржан на 21 јуни, а на него, покрај претставници на земјите од источен и западен Балкан ќе учествуваат и домаќинот Австрија, Грција и Германија.

Девет дена подоцна во Виена ќе се состанат и шефовите на полициите од овие земји.

Што се однесува до состанокот на министрите за внатрешни работи , кон средината на јули, на агендата ќе биде „заедничкото разгледување на статус квото“, анализа на состојбата и разгледување на преземањето можни мерки.

Министерството укажува дека околу 150 мигранти секојдневно, преку Македонија и Бугарија, Србија и Унгарија, пристигнуаваат во Австрија, пред се користејќи ги услугите на шверцерите.

XS
SM
MD
LG