Достапни линкови

Прекинат главниот пат за знабдување на ИД меѓу Турција и Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Главната линија за снабдување на групата на Исламската држава (ИД) меѓу Сирија и турската граница е прекината, откако денеска целосно е опколен градот Манбиџ, информира Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Спопред француските медиуми, патот што ги поврзува Манбиџ и Турција, преку граничниот премин „Ар Рај“, утринава бил заземен од Сириските демократски сили, арапско-курдската коалиција која е поддржана од Вашингтон.

Манбиџ е важна точка долж главната линија за снабдување меѓу Турција и сирискиот град Рака.

„Исламска држава се уште контролира дел од граничниот појас и помалите патишта кон Турција, но тие се поопасни и потешки за пристап, смета директорот на Центарот од Лондон, Рами Абдел Рахман.

Сириските демократски сили пред неколку дена успеаја да го пресечат и вториот пат, што ги поврзува Мандбиџ и Турција, оној преку граничниот премин „Џараблус“, преку кој минуваа луѓе, оружје и пари за Исламска држава.

XS
SM
MD
LG