Достапни линкови

logo-print

„Јастреби за слободата на Курдистан“ го извршилe нападот во Истанбул


Курдската група „Јастреби за слободата на Курдистан“ ја презеде одговорноста за нападот со автомобил-бомба во Истанбул на 7 јуни, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на групата.

Во нападот во Истанбул беа убиени 11 лица, од кои шестмина полицајци и петмина цивили, а 36 лица беа ранети. Експлозивот беше активиран при минување на автобус со полицајци во квартот Везнеџилер, во европскиот дел од мегаполисот.

„Јастреби за слободата на Курдистан“ е вооружена група за која турските власти сметаат дека е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК).

Оваа организација вообичаено ја презема одговорноста за нападите, изведувани надвор од традиционалното поле на дејствување на ПКК во југоисточна Турција.

XS
SM
MD
LG