Достапни линкови

Рајс: резолуција за Украина до крајот на мандатот на Обама


Сузан Рајс

Сузан Рајс

Белата Куќа притиска за имплементација на мировниот договор за источна Украина пред завршувањето на мандатот на претседателот Барак Обама, изјави советникот за национална безбедност Сузан Рајс. Во време кога актуелните мировни разговори во кои се вклучени и Русија и Украина се непродуктивни, Рајс вели дека гледа потенцијал за резолуција до крајот на годинава. Таа додаде дека американските официјални лица ги интензивирале напорите заедно со француските и германските партнери да ги убедат двете поранешни советски републики да го исполнат својот дел од договорот од Минск, потпишан во февруари 2015 година.

XS
SM
MD
LG