Достапни линкови

Обама и формално ја поддржа Хилари Клинтон


Американскиот претседател Барак Обама ја поддржа Хилари Клинтон, неговата поранешна државна секретарка, да биде нареден претседател, истакнувајќи дека мисли оти никогаш досега немало некој поквалификуван за вршење на таа функција. Говорејќи во видео во рамките на кампањата на Клинтон, објавено по неговата средба со Берни Сандерс, Обама рече дека е со Хилари и оти одвај чека да учествува во кампањата заедно со неа. Клинтон ја поздрави поддршката од Обама, додавајќи дека ќе работи на зауздување на Вол Стрит во првите 100 дена од вршењето на претседателската функција.

Сандерс, пак, нагласи дека ќе ја продолжи кампањата се до партиската национална конвенција во јули и покрај тоа што Клинтон веќе објави оти ја добила номинацијата.

XS
SM
MD
LG