Достапни линкови

Времето претпладне сончево, попладне нестабилно


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од осум до 15, а дневнатаќе биде од 22 до 28 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

До вторник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Само в сабота ќе има преодно стабилизирање со сончево време преку целиот ден. За време на викендот ќе биде потопло, а во почетокот на наредната недела повторно ќе има благ пад на температурата.

XS
SM
MD
LG