Достапни линкови

Турската полиција употреби гумени куршуми врз демонстранти


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Турската полиција денеска употреби гумени куршуми и солзавец со цел да растера околу илјада демонстранти во Истанбул, кои се собраа да му изразат поддршка на лидерот на опозициската Народнорепубликанска партија, Кемал Киличдароглу, кој добил смртни закани.

Киличдароглу тврди дека кутија со оружје била фрлена вчера врз нив додека присуствувале на погребот на полицајците загинати во нападот во Истанбул во вторникот.

Овој инцидент претставници на опозциската партија го сметаат како смртна закана.

Демонстрантите денеска тргнаа кон седиштето на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), но полициски кордон ги спречи да стигнат до зградата.

XS
SM
MD
LG