Достапни линкови

Спикерот на германскиот Парламент со остри критики кон Ердоган


Спикерот на германскиот Парламент Норберт Ламерт остро ги критикуваше заканите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон германските пратеници со турско етничко потекло.

„Не мислев дека е можно во 21 век демократски избран шеф на држава да критикува член на германскиот Парламент и да поставува дилеми за неговото турско наследство и чистота на крвта“, изјави денеска Ламерт.

Ламерт ги отфрла сите обвинувања на Турција коишто дојдоа откако Бундестагот ја усвои резолуцијата со која масакрот врз Ерменците во Првата светска војна од страна на Отоманската Империја беше прогласен за геноцид.

„Ги отфрлам и сите инсинуации дека членови на Парламентот се портпароли на терористи“, изјави Ламерт.

Предходно и претседател на Европскиот парламент, германскиот социјалдемократ Мартин Шулц во отворено писмо до турскиот Претседател порача дека незадоволството од пратениците не смее да покрене наводи за симпатии кон терористи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини германските пратеници со турско потекло дека имаат нечиста крв“ бидејќи ја поддржаа резолуцијата со која масакрот на отоманските сии над Ерменците во 1915 година се оквалификува како геноцид.

Резолуцијата ја поддржаа 11 германски пратеници со турско потекло, предводени од потпретседателот на Зелените Џем Ездeмир.

XS
SM
MD
LG