Достапни линкови

logo-print

Рама: Годинава во Албанија ќе пристигнат уште 1.900 муџахедини


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Од 2013 година досега во Албанија пристигнале вкупно 1.001 муџхедин, а до крајот на годинава се очекува да пристигнат уште 1.900.

Овие бројки ги наведува албанскиот премиер Еди Рама во писмениот одговор доставен денеска до потпретседателот на парламентарната Комисија за национална безбедност, Фљамур Нока.

Во писмото, кое го објави опозициската Демократска партија, Рама оценува дека албанската Влада се ставила на страната на стратешкиот сојузник САД за да помогне во итната евакуација на муџахедините од Ирак и нивно сместување во Албанија.

„Секој член на организацијата на Народни муџахедини на Иран (МЕК) пристигнат во Албанија има дозвола за престој и здраствен картон. Досега ниту еден од нив не аплицирал за албанско државјанство, стои во писмениот одговор на премиерот Рама.

Во писмото уште се додава дека муџахедините во Албанија пристигнувале во помали групи, од 20 до 120 луѓе и тие моментно се сместеи во колективни станови во периферијата на Тирана. Веднаш по нивното пристигнување властите ги информираат тајната служба ШИШ и државната полиција, кои потоа редовно добиваат информации за секое нивно движење и евентуални измени на местото на престој во Албанија.

XS
SM
MD
LG