Достапни линкови

Русија, Иран и Сирија ја зголемуваат воената соработка


Рускиот министер за одбрана, Сегеј Шојгу.

Рускиот министер за одбрана, Сегеј Шојгу.

Министерствата за одбрана на Русија, Иран и Сирија денекса треба да се сретнат во Техеран на разговори за сирискиот конфликт.

Руското министерство за одбрана соопшти дека министрите Сергеј Шојгу, Хосеин Дехган и Фахд Јасем ал – Фреј ќе разговараат за начините за унапредување на соработката продив групата на Исламската држава (ИД), Ал – Каеда и фронтот Ал – Нусра.

Москва и Техеран се главните меѓународни поддржувачи на Дамаск со воена и финасиска помош.

Русија во септември ја започна својата кампања во Сирија, значително подобрувајќи ја позицијата на сирискиот претседател Башар ал – Асад.

Русија сега ги поддржува напорите на владините трупи да ги заземат позициите на ИД по долината на реката Еуфрат.

Москва исто така вети дека ќе ги засили нејзините воздушни напади во и околу градот Алепо, обвинувајќи ги бунтовничките сили дека не успеале да го испочитуваат договорот за прекин на огнот од февруари.

XS
SM
MD
LG