Достапни линкови

logo-print

Воен авион се урна во близина на Москва


Русија соопшти дека еден од нејзините борбени авиони Сухој СУ – 27 се урнал во регионот на Москва, при што загинал пилотот.

Министерството за одбрана денеска соопшти дека авионот припаѓал на руските акробатски сили, таканаречените „Руски Витези“ и оти се урнал додека се враќал во базата.

Министерството додаде дека авионот не носел муниција и дека уривањето не предизвикало штета на земја.

Министертвото работи на местото на настанот да утврди што се случило.

Сите летови на Сухој – 27 се суспендирани додека не се утврди што ја предизвикало несреќата.

XS
SM
MD
LG