Достапни линкови

Дваесет загинати во две експлозии во Багдад


Најмалку 20 луѓе се убиени во два одделни бомбашки напади во и околу Багдад, соопшти полицијата. Автомобил експлдирал во комерцијална улица во Багдад, во главно шиитска населба при што се убиени 15 луѓе и 30 се повредени.

Исто така, во самоубиствен напад со автомобил бомба во градот Таџи убиени се пет луѓе и повредени се најмалку 12.

Засега нема информации за преземена одговорност за нападите, но групата на Исламската држава ја презема одговорноста скоро за сите слични напади во изминатите месеци.

Најновите напади доаѓаат откако ирачките сили се обидуваат да ги отстранат милитантите на ИД од нивните упоришта во градот Фалуџа, западно од Багдад.

XS
SM
MD
LG