Достапни линкови

Израел забрани влез за Палестинци по нападот во Тел Авив


Израел ги суспендира дозволите за влез за десетици илјади Палестинци за време на светиот муслимански месец Рамазан, по смртоносните напади во Тел Авив. Замрзнати се околу 83 илјади дозволи за Палестинци од Западниот Брег да ги посетуваат своите роднини во Израел за време на Рамазан. Дозволите се суспендирани и за Палестинците од Појасот Газа.

Двајца вооружени Палестинци вчера отворија оган во полн пазар во Тел Авив, убивајќи 4 луѓе во еден од најкрвавите напади во 8-месечниот бран на насилство. Полицијата соопшти дека приведените напаѓачи биле од селото Јата од Западниот Брег. Исламистичката група Хамас го поздрави нападот, но не ја презеде одговорноста за него.

XS
SM
MD
LG