Достапни линкови

Јолевски: покана од НАТО ќе помогне и во спорот со Грција


Свесни сме за проблемот со нашиот јужен сосед за разликите околу името, но истовремено сме и сериозно посветени за изнаоѓање заеднички прифатливо решение. Упатувањето покана на Самитот во Варшава за Македонија во НАТО ќе помогне за јакнење на мерките на доверба меѓу двете земји. Ова го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски кој во Вашингтон учествуваше на конференцијата „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ .

За нас членството во НАТО е како двонасочна авенија. Од една страна ние даваме поддршка на НАТО и нашите сојузници во напорите за воспоставување мир и стабилност на други места во светот, а од друга страна нашите војници се стекнуваат со многу големо искуство. Тоа се покажа и при справувањето со мигрантската криза, рекол Јолевски одговарајќи на прашање.

Како што соопшти Министерството за одбрана, министерот Јолевски упатил честитка до Црна Гора за добиената покана, но и до земјите членки на НАТО за упатената покана. Оваа покана е многу важна затоа што се испраќа пораката дека вратите на НАТО остануваат отворени, рекол министерот Јолевски, додавајќи дека колку повеќе е НАТО во Југоисточна Европа, толку регионот е постабилен.

XS
SM
MD
LG