Достапни линкови

Чешкиот претседател Земан во посета на Македонија


Претседателот на Чешката Република Милош Земан, на покана од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Земан на првиот ден од посетата во Охрид ќе има средба со Иванов, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.

Во рамките на официјалната посета, претседателот Иванов ќе го одликува Земан со орденот „8 Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубивата рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.

Утре, на вториот ден од посетата, двајцата претседатели ќе имаат обраќање на Македонско-чешкиот бизнис форум, на кој ќе присуствуваат претставници од стопанските комори на двете земји, како и чешки и македонски бизнисмени од повеќе области.

Двајцата претседатели ќе го посетат и манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“.

XS
SM
MD
LG