Достапни линкови

Времето денеска сончево со мала облачност


Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе се зголеми облачноста и во јужните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, претежно југоисточен ветер. Утринската температура се движи од осум до 14, а дневната ќе биде од 22 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Утре времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено на југот и на западот од земјата.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, а од недела попладне до вторник повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.

XS
SM
MD
LG