Достапни линкови

Шарапова доби двегодишна суспензија за користење мелдониум


Руската тенисрка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија од страна на Меѓународната тениска федерација за користење на забранети стимулативни средства.

Раководното тело на светскиот тенис денеска ја објави одлуката којашто ретроактивно ќе стапи на сила од 26 јануари 2016 година, што значи дека Шарапова ќе има забрана за играње до 26 јануари 2018 година.

Одлуката може да биде обжалена до Арбитрарниот суд за спорт.

Шесткратната гренд слем шампионка во март изјави дека привремено била суспендирана откако не го поминала допинг тестот во јануари.

Шарапова тогаш рече дека не била свесна оти Светската анти-допинг агенција од 1 јануари забранила спортистите да употребуваат мелдониум.

XS
SM
MD
LG