Достапни линкови

Турција: Тврдењата дека Турција испраќа оружје за ИД во Сирија е руска пропаганда


Анкара денеска ги отфрли тврдењата дека Турција испраќа оружје во регионот во Сирија под контрола на групата на Исламска држава и ги нарече лага и руска пропаганда.

Ситуацијата во Алепо е извор за загриженост за Анкара, изјави Ибрахим Калин – портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција.

Тој додаде дека евентуалниот масакр во Алепо би можел да предизвика стотици илјади луѓе да мигрираат кон Турција.

Калин истакна дека курдските Единици за заштита на народот не сакаат да влезат во сирискиот град Манбиџ, бидејќи доколку тоа се случи може да дојде до ескалација на меѓуетничките тензии.

XS
SM
MD
LG