Достапни линкови

Турција очекува позитивен резултат од преговорите за безвизниот режим со ЕУ


Турција очекува позитивни резултати во блиска иднина во преговорите со Европската унија за укинување на визите за турските граѓани, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин.

Тој на прес-конференција во Анкара посочи дека сојузниците од ЕУ не треба да поставува барања за мерки, кои ги ограничуваат можностите на Турција за борбата против тероризмот.

Спогодбата за визната либерализација за турските државјани при патувањето во Шенген зоната во замена за пресекување на приливот на мигранти кон Европа е попречена од несогласувањата во врска со антитерористичките закони на Турција.

XS
SM
MD
LG