Достапни линкови

Земан бара чешкиот Парламент да го признае геноцидот врз Ерменците


Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека ќе го повика Парламентот да усвои резолуција за признавање на масакрот врз Ерменците од страна на отоманските Турци пред еден век за геноцид.

Земан денеска зборуваше во Ереван за време на разговорите со неговиот ерменски колега Серж Саркисијан.

За време на посетата на Прага на Саркисијан во јануари 2014 година, Земан убиствта на Ерменците за време на Првата светска војна ги нарече геноцид.

Коментарите на Земан доаѓаат откако Германија на 2 јуни стана 23-та земја којашто ги призна убиствата за геноцид.

XS
SM
MD
LG