Достапни линкови

logo-print

Тројца загинати во нов терористички напад во Турција


Еден полицаец и двајца цивили се убиени и околу 30 лица се повредени во денешниот напад со автомобил-бомба во близина на полициска станица во градот Мидјат, во југоисточна Турција, информира турскиот премиер Бинали Јилдерим.

Турскиот премиер изјави дека нападот го извршила Курдската работничка партија (ПКК). Во експлозијата сериозно се оштетени околните згради.

Медиумите известуваат дека напаѓач-самоубиец со автомобил-бомба во кој имало 500 килограми експлозив, се обидел да влезе со возилото во зградата на секторот за безбедност, но при ударот во ѕидот автомобилот експлодирал.

Јилдерим зборуваше во Истанбул на местото каде вчера во сличен напад кога загинаа 11 лица.

XS
SM
MD
LG