Достапни линкови

logo-print

Полицијата откри 17 мигранти во возило кај Струмица


Илустрација.

Илустрација.

Македонската полиција синоќа при извршување на контрола на возило во близина на Струмица, открила 17 мигранти од Сирија, од кои седум од нив биле деца.

МВР информира дека полицијаците стопирале две патнички моторни возила: „Мерцедес“ со скопски регистрации, управувано од Б.А. (32) од Скопје и „Рено Еспејс“, исто така со скопски регистрации, управувано од И.М. (34) од Скопје.

Од извршената контрола во првото возило биле пронајдени 17 лица мигранти од Сирија, од кои 10 возрасни и седум деца. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Струмица.

По наредба на Јавен обвинител И.М. е предаден на Полициската станица за општа надлежност Струмица за понатамошна постапка, додека А.Б. е ослободен.

Мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

XS
SM
MD
LG